Genius Makedonski Prevodi
Henny & Breskvica - Sava i Dunav (Македонски превод)
[Превод за песната „Sava i Dunav“]
[Строфа 1: Henny]
Синоќа се вратив, не бев со тебе
Пиев три ноќи, животов навистина е тежок
Ми се смачи од сѐ, мајко, сега се чувствувам виновен
Бидејќи неа така ја оставив
[Предрефрен: Henny]
Не можев да признаам дека ти си била таа
Чадот ми смета во кафеаната, но сепак не плачам
Сега ќе пеам само за неа
Само тоа ми остана
[Рефрен: Breskvica]
Сега повторно течат отрови во нас
Нека се отвори секоја рана, како небото
Што ќе се случи со нас вечерва?
Кога песната ќе ми го погоди срцето?
[Строфа 2: Breskvica]
Силен ветер дува, ми ја одзеде љубовта
Како да сум луда, не знам каде да одам без тебе
Јас ќе плачам савски солзи, ти плачи дунавски
Тагата ќе се сретне на устието
[Предрефрен: Henny, Henny & Breskvica, Breskvica]
Не можев да признаам дека ти си бил(а) таа (Тој)
Чадот ми смета во кафеаната, но сепак не плачам
Сега ќе пеам само за неа
Само тоа ни остана
[Рефрен: Breskvica]
Сега повторно течат отрови во нас
Нека се отвори секоја рана, како небото
Што ќе се случи со нас вечерва?
Кога песната ќе ми го погоди срцето?