Genius Makedonski Prevodi
Plain White T’s - Hey There Delilah (Македонски превод)
[Текст за песната „Hey There Delilah“]

[Строфа 1]
Еј, Дилајла, како ти е во Њујорк?
Знам дека нѐ делат илјадници километри, но девојче, многу си убава
Поблескава си и од плоштадот во Менхетн
Така е
Еј, Дилајла, не вознемирувај се што сме далеку
Тука сум ако си исплашена, само пушти ја песнава и затвори ги очите
Ќе слушнеш еден глас, тоа сум јас
Тука сум, секогаш до тебе

[Рефрен]
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Што ми правиш

[Строфа 2]
Еј, Дилајла, знам дека ти е тешко
Ама верувај ми, да заработам уште малку со свирењето
И ќе бидеме заедно
Ти ветувам
Еј, Дилајла, имам уште многу работи да ти кажам
Ако те маѓепсуваат моите песни, ќе ти напишам уште илјадници
Така ќе бидеш уште пообземена од мене
Ќе имаме прекрасен живот
[Рефрен]
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Што ми правиш

[Пострефрен]
Да, мошне сме далеку
Но затоа постојат превозни средства
А дури и пеш би дошол кај тебе
Пријателите би нѐ исмејувале
А нам ќе ни биде гајле бидејќи
Нашата љубов е вечна
Дилајла, ти ветувам
Дека кога ќе се сретнеме
Светот никогаш нема да биде ист
А ти ќе бидеш причината за тоа

[Строфа 3]
Еј, Дилајла, биди добра и не мисли ме
Уште две години и ќе завршиш со училиште, а јас дотогаш ќе направам извонредни работи
И самата знаеш дека тоа ќе биде заради тебе
Заедно ќе имаме слобода
Еј, Дилајла, наздравувам во твое име
Зашто песнава ја напишав за тебе
[Рефрен]
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Оф, Дилајла, што ми правиш
Што ми правиш

[Крај]
О-о, о-о, о-о, о-о, о-о, о-о
О-о, о-о, о-о, о-о, о-о, о-о
О-о, о-о, о-о, о-о, о-о, о-о