Genius Makedonski Prevodi
Eagles - Hotel California (Македонски превод)
[Превод за песната „Hotel Caifornia“]

[Строфа 1]
На еден мрачен пустински автопат
Студениот ветер ми ја разнесе косата
Топлиот мирис на марихуана се ширеше низ воздухот
На некое растојание видов треперлива светлина
Почувствував како да ми се спие
И дека треба да преноќам

[Строфа 2]
На прагот стоеше таа
Го слушнав ѕвонецот
И си помислив:
„Ова е или рај или пекол“
Потоа таа запали свеќа и ми го осветли патот
Одејќи по ходникот, слушнав гласови
Се чинеше дека велеа...

[Рефрен]
Добре дојдовте во хотел Калифорнија
„Колку прекрасно место“
„Колку прекрасно место“
Во хотел Калифорнија има сместување
Во кое било време од годината
Тука секогаш ќе најдете слободни соби
[Строфа 3]
Таа е опседната со „Тифани“
Има и мерцедес бенц
И многу симпатични момчиња што ги нарекува пријатели
Како танцуваат во дворот во слатката летна пот
Некои танцуваат за да не заборават, а некои па за да заборават на сѐ

[Строфа 4]
Го повикав управителот:
„Ве молам донесете ми вино!“
А тој ми одговори: „Сме немале вакво расположение уште од 1969“
И гласовите продолжија да се слушаат оддалеку
Ме разбудија среде ноќта
И ги слушнав како велат...

[Рефрен]
Добре дојдовте во хотел Калифорнија
„Колку прекрасно место“
„Колку прекрасно место“
Во хотел Калифорнија се забавуваат и се дружат
„Какво пријатно изненадување!“
Осигурете си ги алибијата

[Строфа 5]
Огледала на таванот
Имаше и разладен розов шампањ
И таа рече: „Ние сме само затвореници тука, а ова е наше дело“
Се собраа во господарската соба
За да се гоштаваат
Го бодеа суштеството со нивните челични ножеви
Но не можеа да убијат животно
[Строфа 6]
Последното нешто што се сеќавам
Е како трчав кон излезот
Требаше да го најдам патот назад
Да се ​​вратам од каде што дојдов
„Опуштете се“, рече чуварот
„Наредено ни е да примаме гости
Можете да ја ослободите вашата соба во секое време
Но никогаш не можете да заминете оттука!“