Genius Makedonski Prevodi
Eminem - Mockingbird (Македонски превод)
[Превод за песната „Mockingbird“ од Eminem]

[Вовед]
Да
Искрено знам дека
Има работи што не ги разбираш
Но еј
Што ти кажува секојпат тато?
„Исправи се, војниче мое“
И тргни ја тагата настрана
Зошто тогаш плачеш?
Тато е тука

[Строфа 1]
Хејли, знам дека ти недостига мајка ти и татко ти кога ќе заминам
Но знај дека по секоја цена ќе ти го претворам животот во бајка
Гледам дека си тажна, и низ радост и низ смеа
Гледам во твоите очи — сакаш да плачеш однатре
Се плашиш дека не сум таму, но тато е во твоите молитви
Не плачи веќе, избриши ги солзите, тато е тука, нема веќе кошмари
Ќе успееме заедно, ветувам
Лејни, чичо е луд, нели? Да, ама тој те сака, девојче, и подобро да го знаеш тоа
Ние сме сѐ што имаме на овој свет кога се врти и движи
Има две мали убави девојчиња
Тие се обидуваат сѐ да дознаат, но немаат претстава дека
Тато е секогаш во движење, а мама тешко се наоѓа дома
Се трудам да го сокријам тоа од тебе, но изгледа дека
Колку повеќе се трудам, толку потешко станува
Сите работи што тато ги виде додека растеше
Тато не сакаше и ти да ги видиш, но ти сепак ги виде
Не ја сакавме оваа судбина, мајка ти и јас
Но врската заврши, не ја видов иднината
Во која сме повторно заедно, она што го сакавме како младинци
Но тогаш, се разбира, имаше некоја причина
Не мислев дека ова ќе се случи
Но немавме контрола над тоа, бидејќи тоа беше нашата судбина
Не грижи се веќе, одмори се и наспиј се
Можеби еден ден ќе се разбудиме и сево ова ќе биде само сон
[Рефрен]
Тишина сега, сонце, не плачи
Сѐ ќе биде во ред
Повторно крени ја главата, душо, ти ветувам дека
Тато ќе биде покрај тебе цела ноќ
И не знаеме каде е мама, и зошто повторно нѐ остави
Зборовиве изгледаат како од книга, но, сонце мое:
Наскоро ма' ќе спие до тебе

[Строфа 2]
Хех, смешно е
Се сетив како пред една година татко ти немаше пари
Мама завитка божиќни подароци под елката
Велејќи дека некои од подароците беа од мене, но тато не можеше да ги купи
Никогаш нема да го заборавам тој Божиќ: Седев цела ноќ и плачев
На крајот на краиштата, тато е како клошар, иако имаше работа
Неговата работа беше да ти донесе храна на тебе и мајка ти
А во тоа време, секоја куќа во која живеевме
Или беше провалувана и ограбена или пукаа во населбата
А мајка ти штедеше пари за тебе во тегла
За да можеш да одиш на факс
Скоро имаше илјада долари сѐ додека некој не упаднал и ги украл
Знам дека толку болеше што ѝ го скрши срцето на мајка ти
И изгледаше дека работите стануваа полоши
Мама и тато многу се расправаа
И така, мама се пресели во Чалмерс во еден еднособен стан
А тато се врати на другата страна на 8. милја на Новара
И тогаш тато отиде во Калифорнија со своето ЦД
И го запозна Д-р Дре, и ти и мама одлетавте за да ме видите
Но тато беше зафатен, па ти и мама си отидовте
Потоа почна да го гледаш тато на телевизија
А на мама тоа не ѝ се допадна
Ти и Лејни бевте премногу млади за да го разберете тоа
Тато беше скитник, а мама се навлече кон дрогата
Сѐ се случи толку брзо, никој не можеше да го спречи тоа
Посакувам да не беше таму за да не го видеше сето тоа
Затоа што сѐ што сакав беше да те направам горд
Сега седам во празнава куќа и се навраќам на сѐ
Ги гледам фотографиите на вас двете, сѐ уште насмеани
Начинот на кој мавтавте со рачињата, во мигов сте речиси како сестри
Да, изгледа дека сте, и тато е сѐ уште тука
Лејни, ова и на тебе се однесува: „Тато е сѐ уште тука“
Ми се допаѓа како звучи тоа, да, убаво е, нели?
Ш-ш-ш, мама ќе се врати наскоро
[Рефрен]
Тишина сега, сонце, не плачи
Сѐ ќе биде во ред
Повторно крени ја главата, душо, ти ветувам дека
Тато ќе биде покрај тебе цела ноќ
И не знаеме каде е мама, и зошто повторно нѐ остави
Зборовиве изгледаат како од книга, но, сонце мое:
Наскоро ма' ќе спие до тебе

[Крај]
А ако сакаш, тато ќе ти купи птица подбивница
Ќе ти го дадам целиот свет
Ќе ти купам дијамантски прстен, ќе ти пеам
Ќе направам сѐ за да те видам насмеана
А ако таа подбивница не пее и тој прстен не блеска
На птичката ќе ѝ го скршам вратот
Па ќе се вратам кај златарот што ти го продаде прстенот
И ќе му го пикнам в грклан (Ха-ха)